Непознат сторител фрлил бомба на патека која води до три семејни куќи во населбата Максимир во Загреб и ги оштетил фасадите и оградите на куќите, соопшти хрватската полиција, додавајќи дека експлозијата се истражува.
Боmбата експлодирала вчера околу два часот на улицата „Горњи Буковац“, кога напаѓачот ја активирал бомбата на патеката по која се поминува кон куќите, кои се во сопственост на три жени.
Притоа, оштетени се дел од фасадата и оградата на две од куќите и фасадата на третиот објект. Нема повредени, а висината на причинетата штета се утврдува.