Екипата на Далас Маверикс извојува голема победа над актуелниот шампион Голден Стејт Вориорс со 116-113.
Далас беше сериозно во игра да наниже петти пораз во низа во НБА лигата, но такво сценарио спречи неверојатниот Лука Дончиќ кој практично сам се справи со „воините“ кои се разиграа во последно време.
Шампионот Голден Стејт пристигна на пресметката со Далас во сосема спротивно расположение и со три победи во серија, но рано утрово наиде на неверојатно расположен Дончиќ кој беше најдобар во клучните моменти во последните три минути.
Маестро Лука ја доби пресметката која ја имаше со Стеф Кари, но најважно од се, го водеше тимот до важна победа и прекин на црната серија во НБА лигата.
Словенецот беше навистина импресивен и го заврши мечот со 41 поен, 12 скокови и 12 асистенции, но имаше и четири украдени топки кои се доказ за неговата добра игра во одбрана. Ова беше негов петти трипл-дабл во кариерата со 40+ поени и го мина легендарниот Вилт Чембрлен за вториот најголем трипл-дабл од 40+ поени во историјата на НБА во неговите први пет сезони во лигата. Повеќе има само Оскар Робертсон – 19.
Словенечкиот кошаркар постигна 40+ поени по петти пат во кариерата против Голден Стејт (вклучувајќи го и плејофот). Ниту еден друг играч во лигата немал повеќе од три натпревари со 40+ поени против истиот тим од 2020/21 година.
Сепак, клучната тројка на натпреварот ја постигна Тим Хардавеј, кој натореварот го заврши со 22 поени, а Спенсер Динвиди додаде 14 поени.
Во поразениот тим, Стеф Кари беше најдобар со 32 поени, 5 скокови и 5 асистенции.
Детроит – Њујорк 110:140
Далас – Голден стејт 116:113
Портланд – ЛА Клиперс 112:118