Селекторот на Франција, Дидие Дешамп, негираше дека Карим Бензема би можел да се врати во репрезентацијата на Франција на Светското првенство во Катар.
Последните денови се појавија информации дека освојувачот на „Златната топка“ сепак може да се опорави и да учествува на Мундијалот, во нокаут фазата. Тој се повреди еден ден пред почетокот на Светското првенство и замина во Мадрид на рехабилитација, а сега доаѓаат пораки дека е подготвен за настап.
Сепак, Дешамп на прес-конференцијата пред натпреварот со Тунис, ги разочара француските фанови околу Бензема
„Тоа не е нешто што мене ми го окупира умот. Не знам кој што вели, но јас зборував со Карим откако замина, знам каква е неговата ситуација и временската рамка за неговото закрепнување. Нема да коментирам непотребни работи што не влијаат на нашето секојдневие“, изјави Дешамп.