Партизан го претрпе првиот пораз во АБА лигата сезонава откако вечерва беа поразени во „вечното дерби“ против Црвена Звезда со резултат 97:74.
Лутите ривали понудија одлична кошарка, а на крајот „црвено-белите“ се радуваа на победата. Првaта четвртина донесе израмнета игра, овој период го одбележа прекинот пред самиот крај кога судиите се повлекоа во соблекувалната при водство на Партизан од 17:18. Причината за повлекувањето беше фрлањето разни предмети на теренот, а прекинот траеше околу половина час.
Натпреварот продолжи откако беше испразнет дел од трибините. Изедначената игра продолжи и на пауза се замина со водство за Звезда од 49:48. Одлучувачки минути на натпреварот се покажаа првите од вториот дел кога Црвена Звезда направи серија од 9:0 и за првпат поведе со двоцифрена разлика.
Се што успеа Партизан до крајот на натпреварот е да се доближи на два разлика, тогаш следуваше нова серија на Звезда по која Партизан не се врати. Најефикасен во таборот на Звезда со 19 поени беше Вилдоза, два помалку постигна Немања Недовиќ, додека кај Партизан Паперту уфрли 15, а Егзум 14 поени.