Пред мечот од 2. коло во групата на 22. Светско фудбалско првенство со Србија, селекторот на Камерун Ригоберт Сонг, го избркал голманот Андре Онана репрезентацијата. Голманот на Интер е еден од најважните играчи на африканската селекција, но денеска не беше во составот поради одлуката на селекторот Сонг. Камерунските медуми обелоденија дека Онана и Сонг имале кавга, поради стилот на игра на Камерун на овој Мундијал. По оваа кавга Онана си заминал од репрезентацијата и повеќе нама да настапува за камерунската репрезентација на Мундијалот.