Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска, се сретна со Ѓорѓи Трендафилов и со Љупчо Ѓоргиевски, претставници на различни организации на бугарската заедница во Северна Македонија.
Како што соопшти МНР, на средбата, која поминала во позитивна атмосфера, биле размените мислења за прашања коишто ја засегаат бугарската заедница во Северна Македонија, предизвиците со кои се соочуваат здруженијата, како и можностите за подиректна и поинтензивна соработка со државата.
-На средбата беше изразено задоволство од директниот пристап во размената на мислења, како и интенцијата за повторна средба и засилена динамика на комуникација, со цел подиректно вклучување на бугарската заедница и здруженијата кои нив ги претставуваат во рамките на редовната соработка на државата со граѓанскиот сектор, стои во соопштението.
Средбата се случува ден пред истекот на рокот во кој согласно измените на Законот за здруженија и фондации, постоечките бугарски здруженија „Ванчо Михаилов“ и „Цар Борис Трети“, треба да ги сменат имињата, во спротивно се соочуваат со нивно затворање.