Дарио Ивановски и годинава, шеста година по ред, беше најбрз натпреварувач на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10КМ што вчера се одржа во Скопје. Со помината делница од 10 километри за 29 минути и 42 секунди тој постигна нов рекорд и ја потврди својата доминација во машкиот маратон.
Организатори на овој спортски настан беа Сојузот на спортови на Град Скопје во соработка со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје, под покровителство на Агенцијата за млади и спорт. Насловен спонзор на ХалкЕко Скопје трча 10 км и годинава беше Халкбанк АД Скопје која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа ХалкЕко.
На трката во која учествуваа 1300 љубители на трчањето, професионални тркачи и оние кои трчаат рекреативно, второто место во машка конкуренција му припадна на Џастин Фиман додека трет беше Атанас Анчевски. Во женска конкуренција првото место и припадна на Билјана Кираџиева која триумфираше со време од 37 минути и 48 секунди. Второто и третото место го освоија Милјана Ристиќ и Весна Кираџиева.
Тркачите долж патеката каде почетна и стартна позиција беше фонтаната Лотус пред Градскиот парк имаа многу поддржувачи, а годинава Халкбанк се погрижија и организираа посебна „зона за навивање“ заедно со 091runcrw во која присутен беше и Халки кој неуморно го поддржуваше и бодреше секој учесник на околу 500 метри пред самиот крај на трката. По завршувањето на трката во линија на светските трендови на вакви спортски манифестации, сите натпреварувачи го ставија својот потпис на големиот ѕид за цртање кој беше поставен од страна на Халкбанк наречен „Тркачки споменар”.
Трката ХалкЕко Скопје Трча 10КМ беше уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје под капата на платфромата ХалкЕко. Во изминативе години многу спортски настани добија поддршка од банката која е позната по своите општествено одговорни практики, а таа самата е организатор на велосипедската трка ХалкЕко ВелоГрин која веќе две години по ред на 8 септември се одржува во Маврово. „Зелената“ платформа ХалкЕко е развиена од истоимената апликација која поттикнува негување здрав животен стил, намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и создавање ново зеленило. Халкбанк од почетокот на функционирање на апликацијата пред нешто повеќе од две години има засадено и донирано над 33.000 садници во земјава.