Во четвртото тримесечје од 2022 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 9 344 551 000 денари и во однос на истиот период претходната година се зголемени за 23,1 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано зголемување за 29 проценти, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство раст од 6,9 отсто.
Зголемувањето е забележано кај сите производи, освен кај фуражните растенија, овошјето и добитокот.