Белорусија: Ќе се вклучиме во војната само ако не нападнат

Белорусија ќе се бори заедно со Русија само ако друга земја одлучи да изврши напад врз неа, изјави денеска белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Тој повторно ги негираше тврдењата дека Белорусија би можела повеќе да се вклучи во конфликтот како сојузник на Русија.

Лукашенко денеска треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јави белоруската државна новинска агенција Белта.

Треба да знаете
Последни објави