По вчерашниот инцидент кога нашата евровизиска претставничка го фрли македонското знаме, официјалната страна на Евровизија објави видео во кое Андреа се извинува за својата постапка за која вели дека не била од омраза и дека таа е горда на својата земја.
– Видов што се случува по медимуите и едноставно не можам да поверувам зошто последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но во еден момент кога ме фотографираа побараа да го нема знамето. Делегацијата беше далеку од мене и во тој момент одлучив да го фрлам знамето. Не беше од омраза, јас се гордеам што доаѓам од тука. Тука сум да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиксо искуство во позитива. Не ми беше намера да навредам никого, и ако го направив тоа се извинувам. Го носам знамето секаде каде што одам и се надевам можеме да поминеме поминеме со ова, изјави Андреа во видеото.