Легендарните Боно и Еџ, членови на култниот бенд У2 настапија во метро станицата во Киев среде руските напади врз Украина.
Боно и ЕЏ ги изведоа култните хитови „Angel of Harlem“, „With or Without Your“ и многу други, додека публиката пееше со нив.
Жителите на Киев барем накратко заборавија на сите ужаси од војната што руските трупи ги донесоа со себе, почнувајќи од 24 февруари, кога започна инвазијата.
Заедно со Боно и У2 настапи и Тарас Топола. Своето пристигнување во Украина го најавија и други ѕвезди, во знак на подршка, пренесе Дневен аваз.
Kyiv now. The legendary Bono from the U2 band with Taras Topolia (“Antytila”) performs at the Khreschatyk metro station.#StandWithUkraine️ pic.twitter.com/suzkCVvgKt
— Stratcom Centre UA (@StratcomCentre) May 8, 2022