Во текот на вчерашниот ден (16.02.2023) во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед било упатени четири возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.