По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на туристичките водичи, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници задутре, во недела, ќе организира бесплатен разглед на Скопје и Битола.
Во Скопје појдовна точка е Меморијалната куќа на Мајка Тереза на улица „Македонија“ до Скопското Кале.
-Термините за разглед во Скопје ќе бидат со почеток во 12,13 и 14 часот, а во Битола со почеток во 12 часот. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од овој разглед и да учествуваат на овој настан ги очекуваме, информираат од Македонската асоцијација за туристички водичи.