Младинскиот фудбалски репрезентативец Лука Станковски до крајот на сезоната ќе настапува за словенечкиот прволигаш Горица како позајмен играч. Поради катастрофалниот земјотрес во Турција, неговиот клуб Газијантеп се откажа од натпреварувањето во Суперлигата на Турција.
Станковски се договори во пролетниот дел од шампионатот да игра за Горица за да го продолжи континуитетот на натпревари.
Лука Станковски имаше голема среќа, со оглед дека за време на земјотресот беше во Скопје, откако доби неколку слободни денови од клубот. Во моментов во Газијантеп не постојат услови за фудбалски активности.