Кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова, денеска оствари средба со граѓаните од Општина Росоман.
Како што информираат од нејзиниот штаб, Силјановска на граѓаните од општината им говорела за значењето на претседателските избори.
„Бојкотирањето на претседателските избори не смее да се поистоветува со бојкотот на референдумот. Со победа на претседатеслките избори следува почеток на рушење на заевизмот, кој донесе само темнина на граѓаните на Република Македонија“, истакнала таа.
Додала и дека успехот на априлските претседателски избори е гаранција за нов почеток и за вистински реформи.