Мицкоски: Со пропаѓањето на еврообврзницата нарушен е кредибилитетот на државата, нанесен е трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните, срам и катастрофа

Претседателот на  ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, денес од Гевгелија одговарајќи на новинарско прашање во однос на пропаѓањето на еврообврзницата од 600 милиони евра и за тоа колкава  штета и е нанесено на државата, истакна дека за штетата треба да одговори Ковачевски, но е нарушен кредибилитетот на државата, нанесен е трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните, и е срам и катастрофа што практично се пресликува на секое ниво во државата.

„Па за штетата треба да одговори Ковачевски колкава е штетата но тоа е еден настан без преседан, за жал кој што повторно ќе треба граѓаните да го плаќаат, и за финансиската штета што и е нанесена на државата но и за срамот кој што е нанесен на државата односно е нарушен кредибилитетот и не би ме чудело ако веќе следната обврзница која што ќе се издава биде со повисока камата имајќи предвид од тоа што го дознаваме од медиумите 41 % од инвеститорите се фондови од Северна Америка самото тоа доволно говори. Откажувањето на обврзницата поради банална причина не е битно дали е потписот на министерот што е сменет или нешто друго, едноставно е нарушен кредибилитетот на државата нанесен е трошок кој што на крајот од денот ќе го плаќаат граѓаните срамот кон овие 41 % од инвеститорите овие фондови од Северна Америка, трошокот кон тие четири банки, трошокот кон оние компании и куќи кои што вршеле промоција на оваа еврообврзница, со еден збор срам и една катастрофа што ота практично се пресликува на секое ниво во државата”, нагласи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави