Во изминатото деноноќие се произведени 17 400 мегават часови електрична енергија, соопшти Владата
-АД ЕСМ на 18.02.2023 година произведе 17 400 мегават часови електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални држави субјекти, наведува владината прес-служба.
Во термоелектраните се произведени 12 417 мегавати, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 4 983 мегават часови.