Италијанската премиерка Џорџа Мелони во посета на Киев

Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ќе пристигне во Киев, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Мелони, која ја презеде функцијата минатиот октомври, претходно изјави дека планира да го посети Киев пред годишнината од руската инвазија на Украина – 24 февруари.

И покрај несогласувањата за ова прашање во нејзината десничарска коалиција и поделеното јавно мислење, Мелони е цврст поддржувач на Украина.  

Италија и Франција неодамна ги завршија преговорите за испорака на напреден систем за ПВО на Киев напролет. 

Треба да знаете
Последни објави