Традиционалниот германски фестивал на пивото, Октоберфест, оваа година може да се одржи, по двегодишна пауза поради пандемијата од коронавирус, изјави градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер.
Тоа значи дека култниот фестивал познат и како Визен, по саемот каде што вообичаено се одржува, може да се одржи на крајот на септември.
Во изминатите две години Октоберфест беше откажан поради пандемијата. Во 200-годишната историја на фестивалот, подолги паузи имало само за време на војни.
Пред пандемијата, секоја година се собираа околу шест милиони посетители од целиот свет. На овогодинешниот настан нема да има ограничувања за коронавирусот.