Основниот суд во Штип донесе неправосилна пресуда семејство од Пробиштип да биде обесштетено со околу 300.000 евра затоа што нивната ќерка била погрешно лекувана и примила вакцина во време кога била под силна антибиотска терапија што траела осум месеци во 2010 и 2011 година. На детето, во Детската клиника во Скопје во ноември 2013 му бил дијагностициран аутизам, објави Сакамдакажам.мк
Судијката Мери Гичева, при крајот на минатата година, по утврдувањето на фактите и лекарските извештаи и наодите на вештите лица делумно го прифатила тужбеното барање на тужителите И.П., Ј.П., родители на десетгодишното девојче, и ја задолжила тужената Јавна здравствена установа „Нада Михајлова“ од Пробиштип на оштената страна да им надоместат вкупно 19 милиони денари од кои 10 милиони денари поради намалена животна активност, 3 милиони денари по основ на физички бол и 6 милиони денари на име душевно страдање и бол . Амбулантата „Нада Михајлова“ се задолжува да ги надомести и судските трошоци во износ од 1,3 милиони денари. Вкупното барање на родителите на девојчето било 46 милиони денари.