Согласно статутот на СДСМ, правно-формално, јас сум сѐ уште член на СДСМ, вели во интервју за неделникот „Фокус“, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
-Ова прашање треба да го упатите до актуелното раководство на СДСМ. Мислам дека ни тие самите не знаат каков е мојот статус во партијата. Но, правно-формално, согласно статутот на партијата, јас сум сѐ уште член на СДСМ. За мена ова е апсолвирано прашање, вели Димитриевски на прашањето каков е сега неговиот статус во партијата.