Видеоиграта It Takes Two („Потребни се двајца“) добива филмска адаптација на „Амазон“, а „Севн бакс продакшнс“ ќе се придружи на „Ди-џеј 2 ентертејнмент“ како продуцент.
Двејн Џонсон, Дени Гарсија и Хирам Гарсија ќе го продуцираат проектот во име на „Севн бакс“.
Можно е и Двејн „карпата“ да глуми во филмот, но сè уште ништо не е потврдено.
It Takes Two е кооперативна авантура каде што мора да играте со друго лице или локално или онлајн. Играчите ја преземаат улогата на Меј или Коди, двојка во процес на развод.
It Takes Two ја освои титулата најдобрата игра за 2021 година на галата „Гејм авордс“. Оваа игра може да се игра само во соработка со некого, бидејќи се работи за двојка на работ на развод. Меј и Коди станале кукли поради волшебната книга на брачен терапевт. Тие мора да соработуваат за да си ги вратат телата.