Прес-конференција на советникот на Левица во Општина Аеродром – Горан Костовски
„Да ставиме крај на незаинтересираноста на Општина Аеродром за дивите депонии!
Пред 2 месеци апелиравме да се исчисти оваа перманентна дива депонија во најзаборавениот дел од Општина Аеродром – населбата Долно Лисиче и понудивме трајно решение за овој акутен комунален проблем со поставување банкина со што пристапот до локацијата би се оневозможил за камионите кои тука го истураат градежниот шут.
Оваа дива депонија лани ова време беше комплетно исчистена по што градоначалникот Тимчо Муцунски се испофали и вети нула отпад и нула диви депонии во општината. Но тоа траеше само моментално и сега една година потоа истата дива депонија е повторно преполна со отпад, а градоначалникот никаде го нема.
Апелираме до надлежните од општината во најбрз можен рок овој акутен проблем да се реши со тоа што општината и градоначалникот ќе се ангажираат прво да ја исчистат депонијата од отпадот, а потоа и да иницираат поставување на банкина за да се блокира пристапот за камионите со градежен шут до локацијата.