Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на говорот на американскиот претседател Џо Бајден во Варшава вечерва.
Во реакција на Твитер, Зеленски им се заблагодари на Бајден и Америка за „нивното лидерство во собирањето на светот за поддршка на слободата и за нивната клучна помош за Украина“.
– Заедно одиме кон заедничка победа и мора да ја обезбедиме уште оваа година!, порача украинскиот претседател на Твитер.
Тој го цитираше Бајден кој рече „Киев стои силно. Киев стои гордо, стои висок и најважно, стои слободно“.
– Сите стоиме обединети и храбри – Украина, САД и целата наша коалиција на победата, напиша Зеленски.