Езра Милер уапсен откако фрлил стол врз жена

Полицијата на Хаваите го приведе Езра Милер бидејќи фрлил стол на жена.

Актерот од „Фантастични ѕверки: Тајните на Дамблдор“ бил приведен во вторникот околу 1.30 часот по полноќ поради напад од втор степен. Полицијата го запрела на семафор по пријава за наводен инцидент на собир во приватна резиденција во Leilani Estates.

Полициската управа на Хаваи објави соопштение во кое се наведува: „Во текот на истрагата, полицијата утврди дека поединецот, подоцна идентификуван како Езра Милер, се налутил откако му било кажано да си замине и наводно фрлил стол, удирајќи 26-годишна жена во челото, што резултирало со рез од половина инч“.

Апсењето на ѕвездата на „Флеш“ се случува три недели откако беше обвинет за непристојно однесување по инцидент во караоке бар.

Треба да знаете
Последни објави