Продуцентите на Rust добија максималната парична казна за смртта на снимателката

Продуцентите на филмот Rust, во кој актерот и продуцент Алек Болдвин ја уби снимателката Халина Хачинс на снимањето, се казнети со 136.793 долари, јавува „Би-би-си“. Продукциската куќа што стои зад нискобуџетниот вестерн ѝ е изречена максимална можна казна за пропусти во безбедноста на оружјето што се користи при снимање.

„Она што го имавме, врз основа на наодите на нашите истражители, беше збир на очигледни опасности за персоналот во врска со употребата на огнено оружје и пропустите на раководството да реагира на тие очигледни опасности“, изјави Боб Џеновеј, шеф на Канцеларијата за заштита при работа во Ново Мексико.

„Фаталното пукање на снимањето на Rust во октомври немаше да се случи доколку компанијата што стои зад вестернот ги почитуваше безбедносните протоколи нa кои се обврза да се придржува“, се наведува во истражните документи на Канцеларијата.

Треба да знаете
Последни објави