Холивудскиот актер Џони Деп инсистира на тоа дека никогаш не удрил жена.
58-годишниот Деп ја тужи својата поранешна сопруга Амбер Херд за клевета и бара оштета од 50 милион долари, откако таа напиша статија за весникот „Вашингтон пост“ во која се опиша себеси како жртва на семејно насилство. Но 35-годишната актерка во написот директно не ја именуваше ѕвездата на „Пиратите од Карибите“, па затоа поднесе противтужба од 100 милиони долари.
Деп застана во судот на округот Ферфакс во вторникот за да се брани од наводите дека физички ја малтретирал.
Џони ги отфрли наводите на неговата поранешна сопруга како „гнасни и вознемирувачки“ и е дециден дека тие „не се засноваат на никаква вистина“.
Признавајќи дека имале многу расправии во текот на бракот, актерот рече: „Никогаш не ја удрив госпоѓата Херд, ниту пак сум удрил некоја друга жена во мојот живот“.
„Чувствував дека е моја одговорност да го исчистам моето име и моите деца од оваа ужасна работа што мораа да ја читаат за нивниот татко.“
„Мојата цел е вистината, бидејќи ме уби тоа што луѓето што ги запознав со текот на годините… ќе помислат дека сум измамник и дека сум ги лажел“.
Тој продолжи да говори за штетното влијание на наводите врз неговата кариера во Холивуд.
„Многу е чудно кога си Пепелашка, така да се каже, а потоа за нула секунди си Квазимодо. Не го заслужив тоа. Се гордеам со искреноста и вистината. Вистината е единственото нешто што ме интересира, лагите нема да те одведат никаде. Јас сум опседнат со вистината,“ рече тој во судницата.