Манчестер јунајтед и официјално му го раскинаа договорот на Кристијано Роналдо по неговото експлозивно интервју кај Пирс Морган, во кое тој влезе во остар напад на газдите, менаџерот Ерик Тен Хаг и поранешните фудбалери на клубот.
„Кристијано Роналдо си заминува од Манчестер јунајтед по заемен договор. Клубот му се заблагодарува за неговите огромни постигнувања во двата периода во кои беше на ‘Олд Трафорд’“, се вели во објавата на клубот.
„Ѓаволите“ претходно објавија дека почнуваат со дисциплинска постапка против Португалецот и дека нема да коментираат додека не се донесе конечна одлука.
Самиот Роналдо се јави преку социјалните мрежи.
„По разговорите со Манчестер јунајтед, заеднички се договоривме да го завршиме договорот. Ги сакам Манчестер јунајте и фановите и тоа никогаш нема да се смени. Чувствувам дека е вистинско време за нов предизвик. Му посакувам сѐ најдобро на Манчестер јунајтед“, вели Роналдо.