Столтенберг: Снабдувањето со муниција на Украина не е одржливо

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, призна дека постојното западно снабдување со муниција „не е одржливо“ на сегашното ниво бидејќи „потрошувачката е многу поголема“. Тој верува дека конфликтот сега станува „борба за логистика“, така што сојузниците на Украина мора да го зголемат производството.

„Единствениот начин да ја одржиме нашата поддршка за Украина е да го направиме она што сакавме да го направиме сега, а тоа е да се вклучиме во одбранбената индустрија за да се осигураме дека сојузниците потпишуваат долгорочни договори“, додаде тој.

Повтори дека НАТО ќе стои покрај Украина „се додека е потребно“.

„Не можеме да дозволиме Путин да победи во Украина – тоа ќе биде трагедија за Украинците, но ќе биде опасно за нас“, продолжи тој.

Се осврна и на прашањето дали на Украина ќе и биде дозволено да се приклучи на одбранбената воена алијанса.

„Позицијата на НАТО е непроменета. Украина ќе стане членка на НАТО, но сега главниот фокус е да се осигура дека Украина може да преовладува како суверена, независна нација во Европа“, заклучи тој.

Треба да знаете
Последни објави