Идната мајка Ријана во понеделникот се огласи на Инстаграм за да сподели селфи со кое ја потенцира вештината и важноста на грижата за себе.
Поп-ѕвездата (34) на лицето има маска од глина, а во раката држи тегличка со најновиот производ од линијата за нега на кожа „Фенти скин“.
Таа во описот напиша #cookiesNclean, додека позира со црни дизајнерски очила за сонце.
Идната мајка, која е во третиот триместар од бременоста, носи две синџирчиња и златна обетка со крст.