Артан Груби се повеќе се заплетка во скандалот со луксузниот имот на неговото семејство кое го стекнале во време на криза. Груби говори дека имотот кој што го купиле во центарот на Скопје, на улица Македонија со големина од 130 м2 го платиле само 100 илјади евра. Ако го платиле толку, тогаш скандалот е уште поголем, бидејќи семејната фирма на вицепремиерот во владата на Ковачевски набавил луксузен имот по екстра багателна цена.
Имено ако Груби платиле 100 илјади евра за 130м2, тогаш излегува дека имотот вреди околу 700 евра по м2. Груби може да се прави недоветен, но не може да ја потцени интелегенцијата на народот. Во Скопје за 700 евра квадрат не може да се купи ни во најпериферните делови, а не пак во најстрогиот центар. Во тој дел од градот станбениот квадрат е над 2000 евра па нагоре, а деловните се уште поскапи. Нека им објасни Груби на граѓаните како тоа тој може да купи толку евтин локал, а тие не можат.
Затоа прашуваме дали Груби ја злоупотребил функцијата и влијаел неговот семејство да купи толку ексклузивен локал по толку евтина цена?
Артан Груби станува нервозен и се повеќе прави грешки. Очигледно е дека не може овој скандал да го покрие со лаги и манипулации, не му помагаат ниту спиновите ниту лажните вести. Сите гледаат дека ДУИ го претворил во лично гранапче. Полека но сигурно се разоткрива целиот октопод на Груби кој се богати додека Македонците и Албанците, но и сите останати осиромашуваат. Впрочем се повеќе луѓе се охрабруваат да го осудат криминалот, бидејќи криминалот нема етничка боја, а се крие зад наводни етнички теми. Тоа е стравот кај Груби, бидејќи е разоткриен.