Братот на Крис Рок би сакал сака да боксува со Вил Смит во ринг.
Кени Рок склучи договор со основачот на телевизиското шоу „Селебрити боксинг“, Дејмон Фелдман, за натпревар на Флорида ова лето, и тој би сакал да му се спротивстави на актерот, кој излезе на сцената на „Оскарите“ и му удри шлаканица на Крис откако комичарот се пошегува на сметка на неговата сопруга Џејда.
На прашањето дали мисли дека Крис и Вил треба да влезат заедно во рингот на Celebrity Boxing, Кени рече: „Не, не треба. Но јас треба да влезам во рингот со Вил Смит“.
Во разговор со „ТМЗ“, новинарот го праша дали мисли дека може да го нокаутира Вил. „Да, да,“ рече Кени.
А што се однесува до Крис, неговиот брат не мисли дека тој го прифатил извинувањето на оскаровецот.
„Како е Крис?“ праша новинарот. „Добар е. Не сум го видел, но разговаравме по телефон,“ рече Кени.