Фудбалерот од средниот ред на германската репрезентација и на Баерн Минхен Џамал Мусиала реагираше на споредбата со напаѓачот на аргентинската репрезентација и ПСЖ Лионел Меси.
– Споредбите со Лео се голема гордост за мене. Меси во текот на кариерата настапува на највисоко ниво. Многу ми е тешко да се споредувам со него. Сакам да се фокусирам на тоа да станам уште подобар, изјави играчот од средниот ред на Баерн и Германија.
Мусијала оваа сезона одигра 22 натпревара за Баерн во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 10 асистенции.
Деветнаесетгодишниот фудбалер отиде на Светското првенство во 2022 година како дел од германската репрезентација.
Германците на Мундијалот во Катар се најдоа во групата Е со Јапонија, Костарика и Шпанија. Во првиот ќе се сретнат со Јапонија утре, 23 ноември во 14часот.