За првпат уловен сом во Дебарско Езеро

За првпат во водите на Дебарско Езеро уловен е сом, тежок 25 килограми. 

Сомот го уловил познатиот риболовец Африм Даци, кој потврди дека рибата е со тежина од 25 килограми а ја уловил во близина на селото Џепиште. 

 – Јас сум страстен спортски риболовец. Сум уловил пастрмка, крап, скобал, мрена но еве денес и сом. Ова се случува за првпат зашто е познато дека во водите на нашето езеро нема ваков вид риба, вели Даци. 

Вештачката акумулација „Дебарско Езеро” (Шпилје) изградена е пред 53 години, а она што го изјави Даци го потврдуваат и други повозрасни рибари. 

И од Спортското риболовно друштво „Трофта” велат дека не се памети улов на сом во езерото.

Треба да знаете
Последни објави