Оцука: Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина

Ова војна започна во 2014 година кога Русиа незаконски го окупираше Крим и го поддржа воениот конфликт во регионот на Донбас, изјави јапонскиот амбасадор . Н. Е Казуја Оцука на денешна  конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

Се сеќавам на фотографиите на паднатите херои во тоа време кои ги видов во Киев на Sидот на сеќавањето на паднатите бранители на Украина во руско-украинската војна. Ние најостро ја осудуваме неиспровоцираната брутална и агресивна војна на руската влада против Украина, како што изјавија премиерот Кишида и министерот за надворешни работи Хајаши во својство на претседавач со состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, истакна Оцука.

Амбасадорот Оцука уште подвлече и дека постапките на Русија се јасно и флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации.

Треба да знаете
Последни објави