Петровска: Се враќам од Украина охрабрена дека земјата ќе победи

Во раните утрински часови на 24 февруари минатата година, кога руските тенкови влегоа во Украина, на светот му запре здивот. Русија се обидува да потчини независна европска земја и со сила се обидува да ги прекрои границите во Европа. Овие настани го означија почетокот на една нова ера. Мрачна војна на европско тло. Апсурдна, нелегитимна и нелегална агресија врз независна и суверена држава и невини луѓе, во 21 век, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на конференција „Украина – година на хероизмот“, на невладината организација за човекови права и слободи, ЦИВИЛ – Центар за слобода и Амбасадата на Украина во Република Северна Македонија.

-Вчера се вратив од Украина и во мене носам различни чувства – ужасност, бес за тоа што го видов.

Разурнати домови, детски градинки, детски игралишта. Го видов и возилото во кое четиричленото семејство се обидува да избегне убијци.

За жал, не успеале, сурово се убиени. Ги видов и злосторвствата во Буча, измачени и убиени граѓани.

И покрај овие слики и траорната глетка, се враќам од Украина охрабрена дека Украина ќе победи, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Треба да знаете
Последни објави