Американската невладина организација Фридом хаус се огласи по повод писмото што сопственикот на телевизијата Н1, Адриа њуз од Луксембург го упати на адреса на меѓународните и невладините организации, барајќи заштита за телевизијата Н1 и нејзините новинари од „кампањата што против нив ја водат високи државни и владини функционери во Србија”.
Директорката на Фридом хаус за Европа и Евроазија, Желике Чаки поради тоа ја обвини Владата на Србија дека „создава опасна атмосфера за новинарите”.
Таа за Гласпт на Америка изјави дека „должност на владата е да ја заштити слободата на медиумите, а не да предизвикува бес и омраза против новинарите кои ја работат својата работа”.