глобот на Лео Меси изгледа загрижувачки на ден пред дуелот со Саудиска Арабија (ФОТО)
Една фотографија од тренингот на Аргентина ги вклучи алармите, скочниот зглоб на Лео Меси изгледа прилично отечен, но самиот фудбалер смирува дека се е во ред.
Аргентина утре ја започнува авантурата на мундијалот во Катар, „гаучосите“ ќе ги одмерат силите со Саудиска Арабија.
Првата ѕвезда на тимот, Лео Меси тренираше нормално денеска, но се појавија загрижувачки слики од неговиот зглоб, кој изгледа прилично отечен.
Сепак, самиот напаѓач на средбата со новинарите рече дека е подготвен и нема никакви проблеми.
„Точно е дека тренирав одвоено откако добив удар, но нема ништо чудно во тоа, се работи за претпазливост. Нема никакви проблеми, физички се чувствувам одлично и во навистина добар момент доаѓам на Светско првенство, изјави Меси.
This image of Lionel Messi’s ankle from training today doing the rounds via @SC_ESPN pic.twitter.com/7pMhkOs5wR
— GOLAZO (@golazoargentino) November 21, 2022