Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека планира да се сретне со кинескиот претседател за да разговара за предлозите на Пекинг за ставање крај на војната во Украина.
Во обраќањето по повод првата годишнина од војната во Украина, тој вчера рече дека кинескиот предлог сигнализира дека Пекинг е вклучен во потрагата по мир, пренесува Би-би-си.
„Навистина сакам да верувам дека Кина нема да испорача оружје на Русија“, рече Зеленски.