Крмов: За СДСМ се трошките додека ДУИ владее- Владата создава државна криза 

Очигледно е заложништвото на СДСМ од страна на ДУИ, и т.н „европска коалиција” брои смешна бројка од 65 пратеници откако неколку пати се делигитимираше претставничкиот мандат преку разни прекројувања. Сите овие нелегитимни пируети се со цел да се купи ограничено време за владеење и удоволување на ненаситните апетити на ДУИ, СДСМ и нивните коалициони партнери.

Република Македонија никогаш не била подалеку од ЕУ и тоа го забележуваат бројни експерти. Директорката на Институтот за европска политика предупреди за опасностите од влегувањето на Бугарите во Уставот на РМ, и дека преку конвенции за правата на конститутивни народи ќе се отворат дополнителни можности за Софија да вложува вето на нашата интеграција.

Сите негативни квалификации кон Левица кои доаѓаат од СДСМ се класична проекција на маните и грешките кои оваа Влада ги прави, затоа за СДСМ која е во заложништво на ДУИ и мора да им ги извршува валканите работи бројот на пратеници е ирелевантен – СДСМ, партијата во изумирање, во секој поглед ќе не доведе во државна криза за да опстојат бизнис и криминалните интереси на раководството, изјави пратеникот од Левица, Борислав Крмов во Собранието

Треба да знаете
Последни објави