Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко ги коментираше наводите дека Русија планира целосно да ја интегрира територијата на Белорусија во својот систем и таквите тврдења ги опиша како чиста лага.
Тој се осврна и на економските блокади кои Полска и ги воведе на оваа земја.
Зборувајќи за медиумите, Лукашенко рече дека Белорусија има своја стратегија што ќе ја следи во иднина.
– Дали имаме своја стратегија? Да. Дали Русија има своја стратегија? Да. И Русија има своја стратегија кон Белорусија. Живееме како браќа, во мир и пријателство – рече Лукашенко.
Приказните за наводното присоединување на Белорусија кон Русија, претседателот на оваа земја ги оцени како западна пропаганда.
– Само сакаат повторно да не разделат. Затоа се зборува на оваа тема. Нема вистина во тоа. Го знаете мојот став. Ние сме независна и суверена земја – рече тој.