Пилотот Ред Бул Макс Верстапен го сподели своето мислење за тоа како тимот моментално ги поминува претсезонските тестови.
– Досега тестовите добро поминуваат. Четвртокот беше особено успешен, кога возевме многу кругови и можевме да испробаме многу различни работи. Вчера се фокусиравме на деталите и продолживме со мали чекори. Болидот реагира многу добро на сите наши промени. Научивме и многу – што ќе ни биде корисно за една недела и во следните трки. Многу ми е мило.
Прекрасно е да се види како автомобилот се соединил како целина. Сè помина без проблеми уште од првите метри. И тука мора да им оддадеме почит на сите момци во базата на Ред Бул, кои работеа напорно цела зима, па дури и минатата година.
Секогаш кога ќе седнам зад воланот на автомобил, се чувствувам прилично удобно и можеме веднаш да почнеме да работиме. Ова е исто така важно. Според мене, два дена тестирање поминаа добро. Секако, ќе видиме колку всушност сме брзи тука директно на Гран при, но јас сум задоволен и оптимист, изјави Верстапен.
Холанѓанецот ја освои шамшионската титула во последните две сезони од Формула 1 шампионатот.