Христијан Мицкоски е единствениот кој не кажа ниту збор за случајот со ксенофобија, дискриминација, омаловажување и деградирање на жените на интервју на Јутјуб канал за кој надлежни институции веќе постапуваат.
Исто така, Христијан Мицкоски не го осуди ниту бруталниот чин на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој во собраниската сала ја навреди и се обиде физички да ја нападне пратеничката Жаклина Лазаревска.
Мицковски требаше јавно да се произнесе, да ги осуди овие случаи и да ја искине партиската книшка на секој еден член на ВМРО-ДПМНЕ кој вака постапува.
Во време кога целата јавност испраќа јасна порака против говорот на омраза и сите форми на родово базирано насилство, Мицкоски молчи за овие случаи.
Прашњето е дали со овој начин на однесување, дали со молкот Мицкоски се става на погрешна страна и индиректно ги заштитува протагонистите на говорот на омраза и омаловажување на жените?