„Пелистерка“ доби признание од Асоцијацијата на спортски новинари

Цветан Панделески во името на македонскиот национален бренд „Пелистерка“, го прими признанието за посебен придонес во развојот и афирмирањето на спортот во Македонија.

Признанието го доделува „Асоцијацијата на спортски новинари“ на Македонија во склоп на годишната манифестација „Асовите бираат асови“ на која „Пелистерка“ е поддржувач долги години.

Изборот на „Пелистерка“ за доделување на ова признание се должи на посветеноста и филантропијата на компанијата и нејзиниот сопственик Цветан Панделески на развојот на спортските активности во Македонија, како и за дадената поддршка на македонските спортисти.

„Пелистерка“ како компанија за производство на природна газирана минерална вода и други висококвалитетни производи важи за бренд што посветено и безрезервно ги протежира исклучителните резултати на заслужни поединци во секое поле.

Поддршката на спортот и на општествено корисните активности како компаниска општествена одговорност произлегува од убедувањето на раководството на компанијата и сопственикот Цветан Панделески дека националните вредности треба да се помагаат и промовираат.

Компанијата Пелистерка преку својот најпознат бренд низ разни активности и финансиски ги поддржува сите спортови во Македонија, екипни и индивидуални и преку разни кампањи придонесува за популаризација на спортската култура во земјава, посебно кај младите генерации.

Една од најновите е кампањата „Пелистерка вода за најдобри“ која е посветена на 12 наши спортистки од екипни и индивидуални спортови кои постигнале значајни резултати на домашни и меѓународни натпреварувања.

Треба да знаете
Последни објави