Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на турнир во Србија

Македонската репрезентација во традиционално карате утре (26 февруари) ќе учествува на меѓународниот меморијален карате куп „Оливер Томиќ“ во Крушевац, Србија.

– За Македонија ќе настапат 15 напреварувачи во повеќе натпреварувачки категории и дисциплини: Камелија Недев, Филип Недев, Мариастела Топалоска, Софија Јарчевска, Матеј Мангаровски, Георги Кокорманов, Марко Илиевски, Максим Поп Трпев, Мила Младеновска, Марта Димковска, Изабела Пренковска, Ана и Марија Ѓуриќ, Ива Спасеновски и Срна Вапски, соопштија од МТКФ.

На меѓународниот карате куп ќе учествуваат на 600 натпреварувачи од повеќе земји од Балканот и Европа. 

Треба да знаете
Последни објави