Англија, Велс и уште пет други европски репрезентации нема да носат капитенски ленти во боите на виножито на натпреварите на Мундијалот во Катар, откако ФИФА се закани дека таквото кршење на правилата ќе се санкционира со жолти картони за играчите.
Капитените на седум репрезентации планираа да носат ленти во бои на виножито за да ја промовираат различноста и инклузивноста во Катар, но националните федерации објавија попладнево дека нема да ги стават своите играчи „во позиција во која би можеле да заработат спортски санкции”.
– Фрустрирани сме поради одлуката на ФИФА и истата сметаме дека е без преседан, стои во заедничката изјава на Англија, Велс, Германија, Данска, Белгија, Швајцарија и Холандија.
– Подготвени бевме да платиме парични казни, но не сакаме да ги доведеме играчите во ситуација да добијат картон или да мораат поради тоа да го напуштат теренот, се прецизира во заедничкото соопштение