Релативно топло време ќе се задржи утре, а ќе дува засилен ветер од јужен правец, на повеќе места со брзина над 60 км/час.
Како што соопштија од УХМР, кон крајот на денот и во текот на работната седмица, под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на повисоките планини ќе врне снег.
Во ноќните часови кон понеделник локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Дневната температура од понеделник ќе биде во опаѓање.