Во Тихиот океан во близина на Курилските острови рано утринава се случи земјотрес со јачина од 6 степени, соопшти за РИА Новости островскиот огранок на Геофизичката служба на Руската академија на науките.
„ Земјотрес со јачина од 6 степени е регистриран на 26 февруари. Земјотресот се случи на 102 километри југозападно од селото Головнино на Курилскиот остров Кунашир – изјави шефот на сеизмичката станица Сахалинск, Елена Семенова.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 63 километри.
Тресењето на земјата е почувствувано во регионалниот центар Јужно-Курилск на Кунашир и во селото Малокурилскоје на островот Шикотан.