Тотенхем подобар од Челзи, нов тежок ден за „сините“ и Греем Потер

Катастрофалната форма на Челзи во англиската фудбалска Премиер лига продолжува, откако тимот на Греем Потер и во шести меч едноподруго не успеа да стигне до победа, губејќи кај Тотенхем со 2:0, кои пак и без тренерот Антонио Конте на клупата, се зацврстуваат на четвртото место на табелата.

Лошите вести за Потер дојдоа по само дваесетина минути игра, кога ветеранот Тијаго Силва, еден од најпостојаните и најдобрите играчи кај „сините“ мораше да биде заменет поради повреда со Весли Фофана. Во првото полувреме за одбележување беше и инцидентот во финишот на полувремето, кога Емерсон Ројал и Хаким Зијеш влегоа во турканица по еден старт на Зијеш. Бразилецот успеа да го испровоцира играчот на Челзи да му врати, по што судијата Стјуат Атвел по консултација со својот помошник му даде црвен картон. Но, потоа, по прегледувањето на снимката, судијата го повлече картонот и двајцата добија по жолт картон, иако можеби заслужија по црвен.

Тесниот меч доби пресврт во 46. минута, кога Оливер Скип убаво го совлада Кепа Аризабалага, за сите надеж за камбек да бидат уништени во 82. минута, кога несфатливо Хери Кејн беше оставен сам по еден корнер.

Треба да знаете
Последни објави