Барселона направи глупост во шпанската фудбалска Ла Лига ! Наместо да прокнижи сигурни три бода од гостувањето кај претпоследнопласираната пред овој дуел Алмерија, за првпат дозволи ривалот да оствари прва историска победа во меѓусебните дуели. Барселона загуби минималнио (1:0) и си ја искомплицира трката за титулата во Ла Лигата. Каталонците не го искористија вчерашното реми (1:1) на лутиот ривал Реал Мадрид во градското дерби со Атлетико. Барса имаше шанса во трката за трофејот да ја зголеми предноста пред Реал Мадрид на десет бодови, но наместо тоа по 23. коло предноста се намали на седум бода.
Барселона одигра лош натпревар на гостувањето кај Алмерија и им дозволи на домаќините да се радуваат на историска победа и со трите големи бодови од дуелот со гигантот да побегнат од опасната зона. Сега се на 15. место со 25 бода.
Решавачкиот гол на мечот беше постигнат во 24. минута кога Туре постигна одличен погодок за водство и тгиумф на Алемрија.